Тимот на Голден Арт оствари победа на гостувањето кај Скопје 2020 со конечни 29-20 во натпревар од Супер лигата.
Од самиот старт на натпреварот гостинскиот тим наметна високо темпо на двата дела на теренот и како поминуваше истиот создаваше предност која на полувремето изнесуваше 7 погодоци, 10-17.
Почетните минути во второто полувреме не донесоjа никаква промена на резултатот, па Голден Арт лесно дојде до победа против Скопје 2020.
Најефикасен кај Голден Арт беше Дејан Гошевски со девет гола, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со шест гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷