Составот на Голден Арт забележа победа на гостувањето кај екипата на Мулти Есенс со минимални 26-25, во натпревар од 1. коло од Супер лигата.
Тимот на Голден Арт на пауза имаше предност од 16-12. Во второто полувреме Мулти Есенс се обидуваше да се врати, но сепак Голден Арт ја задржа предноста.
Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Марио Миланов со осум погодоци, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Валентин Карасманакис со седум погодоци.
(фото – Рк Голден Арт)📷