Кадетската екипа на Голден Арт го освои турнирот во Богданци, “Гоце и Томе”, откако во финалето ја совлада екипата на Младост 1977 Богданци со резултат 28-26.
Екипата на Голден Арт имаше контрола на резултатот од почетокот на натпреварот, на полувреме Голден Арт замина со предност од 11-16. Во второто полувреме Голден Арт ја завери победата против Младост 1977 Богданци.
За најдобар голман на турнирот прогласен беше Благој Панов од екипата на Младост 1977 Богданци, најдобар стрелец беше Димитрија Крстев од КЛ7 Алкалоид од Свети Николе, додека најкорисен играч (МВП) прогласен беше Бојан Гилев од Голден Арт.
(фото-Рк Голден Арт)📷