Екипата на Голден Арт забележа победа против Скопје 2020 со високи 35-26 во плеј-аутот од Супер лигата.
Тимот на Голден Арт и на полувреме имаше предност од 21-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Голден Арт, па на крај да триумфира против Скопје 2020.
Најефикасен кај Голден Арт беше Мице Шилегов со 11 гола, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Јован Фичороски со 7 гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷