Ракометарите на Голден Арт славеа на домашен терен против екипата на Металург РА со убедливи 38-20.
Екипата на Голден Арт добро го започна натпреварот во првото полувреме, домашната екипа на пауза замина со седум гола разлика 17-10. Во вториот дел екипата на Металург РА немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз од Голден Арт.
Најефикасен во составот на Голден Арт беше Ивица Илиев со осум погодоци, додека најефикасен во екипата на Металург РА беше Христијан Неданоски со четири погодоци.
Рк Голден Арт 38-20 Рк Металург РА

(фото-Рк Голден Арт)📷