Екипата на Голден Арт забележа убедлива победа против тимот на Радовиш со високи 36-23 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Голден Арт од почетокот на натпреварот беше во водство, па така на пауза замина со предност од 18-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Голден Арт за на крај да слави против Радовиш.
Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Христијан Милошески со десет гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасни беа Александар Марков и Филип Трајанов со по пет гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷