Голден Арт 2 победнички против Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Голден Арт 2 забележаа победа против тимот на Македонија Ѓорче Петров со конечни 29-20.

Во првото полувреме двете екипи одиграа добро, но на пауза Голден Арт 2 замина со предност од 11-10. Во второто полувреме Голден Арт 2 го скрши отпорот на Македонија Ѓорче Петров, па да слави победа.

Најефикасен во тимот на Голден Арт 2 беше Андреј Божиновски со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Максимилијан Ѓиноски со девет гола.

(фото – Рк Голден Арт 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести