Екипата на Голден Арт 2 го совлада тимот на Металург РА со резултат 26-23 во натпревар од Првата лига.
Металург РА на полувреме имаше предност од 11-10. Во второто полувреме екипата на Голден Арт 2 успеа да направи предност, за на крај да го совлада Металург РА.
Најефикасен во тимот на Голден Арт 2 беше Кристијан Стаменковиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Металург РА најефикасни беа Филиповски, Наумовски, Сиљанов и Јосифовски со по четири погодоци.
(фото – Рк Голден Арт 2)📷