Голманот на Русија, Виктор Киреев потпиша за Фуксе Берлин

Голманот на машката сениорска репрезентација на Русија, Виктор Киреев потпиша за германскиот тим Фуксе Берлин.

Виктор Киреев од јуни ќе го облече дресот на Фуксе Берлин, со кој потпиша договор на една сезона со опција за уште една сезона. Тој доаѓа од ЦСКА Москва, а претходно има настапувано и за Мотор Запорожје, а настапува и за репрезентацијата на Русија.

„Навистина се радувам на новиот предизвик во Берлин во голем клуб со големи цели во најсилната лига во светот. Сигурен сум дека заедно можеме да постигнеме големи работи со екипата“.- изјави Виктор Киреев.

(фото-Рк Фуксе Берлин)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.