Досегашниот стратег на Тиквеш, Горан Андоновски се враќа дома и ќе биде нов тренер на Охрид.
Некогашниот репрезентативец на Македонија кој го има најголемиот успех со Охрид во ЕХФ купот потпиша 2 (две) годишен договор.
Помошник тренер ќе биде Наум Бабачев кој е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.