Повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски, е најново засилување на Охрид.
Тој претходно има настапувано во Металург и Еурофарм Работник, како и во австриски Линц и романскиот клуб Фочани.
Ресенчанецот Крстевски игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 25.
Организаторот на игра Крстевски е деветто засилување на Охрид за сезоната 2023/2024 во која клубот влегува со големи амбиции и цел излегување во Европа.
(фото – ГРК Охрид)📷