Македонскиот ракометар Горан Крстевски и неговиот тим Фочани со победа ја завршија сезоната во Романија, откако на последното коло го совладаа тимот на Клуж со 26-23.
На овој натпревар Горан Крстевски имаше еден погодок од три обиди кон противничкиот гол.
Екипата на Фочани сезоната во романскиот шампионат ја заврши на 6. позиција на табелата, со 44 освоени бода на свое конто.
(фото – Инстаграм/Горан Крстевски)📷