Екипата на Радовиш е следниот противник на Охрид во Супер лигата. Можност екипата да се врати на победничката патека.
Натпреварот се игра во сабота, 23 ноември, во 15 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Горан Крстевски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Радовиш.
“После поразот од Алкалоид мораме да работиме напорно и да се вратиме на победите за достигнување на нашите цели. Екипата на Радовиш воопшто не е за потценување, мораме максимално да влеземе во мечот и да ја оправдаме фаворитската улога”, – изјави ракометарот на Охрид, Горан Крстевски.

(фото – ГРК Охрид)📷