Горан Крстевски: Со добра игра до бодови против Бутел Скопје

Тимот на Охрид во сабота, 14 септември, го игра премиерниот меч пред своја публика во новото првенство против Бутел од Скопје.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Горан Крстевски, каде изјави дека тимот ќе атакува на нови бодови против Бутел Скопје.

“Во сабота го играме првиот натпревар за оваа сезона на домашен терен. На гости ни доаѓа екипата на Бутел која воопшто не е за потценување. Треба максимално да се влезе во мечот и со добра игра да стигнеме до нови бодови”, – изјави Горан Крстевски од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *