Љубителите на ракометот ќе уживаат во уште едно “езерско дерби”, во суперлигашкиот плеј-оф.
Во редовите на „Гладијаторите“ владее оптимизам пред средбата со секогаш незгодната Струга. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Горан Крстевски.
“Во сабота го играме “езерското дерби”. На гости ни доаѓа екипата на Струга која е незгодна и не е за потценување. Се надевам дека со квалитетна игра ќе стигнеме до нова победа и бодовите ќе останат во Охрид”, – изјави Горан Крстевски од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷