Горан Кузманоски го продолжи договорот со Бутел Скопје

Тренерот Горан Кузманоски ја продолжи верноста кон Бутел Скопје за уште две сезони и ќе биде на клупата од клубот најмалку до 2027 година.

Тој ја одработува втората сезона на кормилото на Бутел Скопје и заедно со ракометарите ја остварија главната цел – пласман во разигрувањето за титулата.

Успешно го спроведува концептот со млади домашни ракометари, надополнети со некој поискусен и со еден до двајца странци на дефицитарните позиции.

“Ќе се потпираме пред сѐ на македонски ракометари, особено на млади играчи кои се иднината на нашиот клуб и на македонскиот ракомет воопшто. Ќе се засилиме со најмногу двајца странски играчи, но само на позиции каде што моментално немаме соодветни домашни решенија. Нашите младински категории веќе подолго време покажуваат сериозен квалитет – бевме кадетски шампиони, а сега младинците завршија на високо трето место. Тоа е доказ дека системски се работи и дека талентот е тука. Нашата амбиција останува иста – и во следните две сезони сакаме да бидеме дел од плеј-офот и да продолжиме со развој на еден стабилен и конкурентен тим”, – изјави тренерот на Бутел Скопје, Горан Кузманоски.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *