Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот од Супер лигата како и минатите сезони, а на крајот на годината изјава на тренерот Горан Кузманоски.
„Задоволен сум од моменталната позиција која што се наоѓа Бутел Скопје. Тоа е резултат на добрите подготовки што ги имавме на почетокот на припремниот дел, пријателските натпревари и турнирот во Хрватска. Тогаш видов дека ако се вклопиме добро во одбраната ќе имаме добар старт. Оваа сезона системот во Супер лига беше поразличен од предходните, игравме секој со секого и со тоа што имавме потежок распоред на почетокот сепак успеавме, да го задржиме континуитет на добри резултати. Но морам да потенцирам дека во конкуренција за плеј-оф се Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп, тоа значи дека треба да бидеме претпазливи и фокусирани до крајот на првиот дел. Тешко може да се каже дали натреварите кој што ни биле зацртани ќе ни донесат место во плеј-оф. Ќе зависи и од други фактори. Сигурно е дека после победата над Тиквеш во гости екипата се подигна на психолошки план и почнавме да веруваме во тоа што го работиме“, – вели Кузманоски.
Бутел Скопје ќе ги стартува подготовките за пролетниот дел од сезоната на 8 јануари, планот е да се учествува на турнир во Сараево од 17 до 19 јануари, а пред официјалните натпревари, би требало да биде одигран уште еден пријателски натпревар.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷