Хрватскиот ракометен сојуз на Хрватска официјално потврди дека Хрвоје Хорват повеќе не е селектор на машката сениорска репрезентација.
Нов селектор на репрезентацијата ќе биде Горан Перковац, каде прва задача ќе му бидат квалификациските натпревари против Холандија и Грција за пласман на ЕП 2024.
Разрешен е и кординаторот на сите машки селекции, Лино Червар, како и целиот стручен штаб.
(фото – Ракометна Федерација на Хрватска)📷