Нов член на стручниот штаб на екипата на Куманово како тренер на голманите е Горан Чавејски.
Горан Чавејски е поранешен ракометен голман кој во својата играчка кариера настапуваше за тимот на Куманово и Тинекс Пролет во Македонија.
Во Холандија играше за екипите на Харо Ротердам и Ситар, а пак во првенството на Белгија беше дел од тимот на Спортинг Нерпелт.
(фото – МРК Куманово)📷