Горан Ѓоргоноски повеќе не е дел од Голден Арт

Екипата на Голден Арт, која покрај новите ракометари, ќе има и нова управа, откако Горан Ѓоргоноски си замина од клубот.

Горан Ѓоргоноски во тимот на Голден Арт беше изминатите четири години, и со него на чело тимот беше база на млади ракометари, исто така тимот имаше и добри резултати во младинските категории.

“Драги пријатели, соработници, партнери, виртуелни другари. Сакам да ве информирам дека од месец јули 2023 години не сум повеќе дел од Рк Голден Арт, чиј член бев изминатите 4 години, од самото оформување на Клубот”, – стои во соопштението на Горан Ѓоргоноски.

(фото – Фејсбук/Горан Ѓоргоноски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.