Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов “Ракомет, утре”, во организација на најпознатиот регионален портал Balkan-Handball.com со техничка поддршка на Рк Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Нашице (Хрватска).
“Поканата за учество на конференцијата претставува огромна сатисфакција за нашиот млад проект, кој изминатите години создаде идентитет во сегментот на работа со деца од најмала возраст, но и обврска во најдобро светло да се претстави Македонија во регионални рамки”, – изјавија од Ракомет За Секое Дете.
(фото – Ракомет За Секое Дете)📷