Ракометниот клуб Рисови од Скопје започнува со нови предизвици и во новата сезона ќе го подигне своето спортско ниво за неколку скалила.
Тимот во новата сезона ќе влезе со поголеми амбиции од претходно, а првиот чекор ќе биде ангажирањето на ракометната легенда Гоце Георгиевски во својот стручен штаб.
“Пред се сакам да се заблагодарам на Ракометниот клуб Рисови за укажаната можност покрај играчката кариера да започнам со работа и во тренерската фела. Ова за мене е предизвик и шанса стекнатото играчко искуство и знаење го пренесам на младите играчи, и да започнеме уште една успешна Македонска приказна”, – изјави ракометарот Гоце Георгиевски.
(фото – Рк Рисови)📷