Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона. Еден од најискусните играчи во тимот, десното крило Гоце Георгиевски смета дека Вардар има добар тим и сезонава.
„Почеток на нова сезона, исти амбиции, исти цели. Мислам дека за нас најдобро е да го заборавиме овој период што се случуваше летото, во врска со неиграњето во ЛШ. Тоа треба да го оставиме зад нас и да се насочиме кон она што следи, а тоа е македонското првенство и СЕХА-лига. Одбраната на титулата во македонското првенство ќе биде тешка, секоја година е потешко и потешко. Меѓутоа мислам дека тоа е добра конкуренција за квалитетот на македонскиот ракомет, така што мислам дека ќе гледаме уште една интересна ракометна сезона во Македонија. Имаме млада екипа, доста изменета од минатата сезона. Пред сè посакувам добри подготовки, успешни, сите да останат здрави. Гледам многу потенцијал во оваа екипа, има доста млади играчи, кои мислам дека ќе експлодираат оваа сезона и ќе докажат дека нивното место е во Вардар“, – изјави Гоце Георгиевски.
(фото-Вардарфанс)📷