Гоце Георгиевски: Одиме на победа против Татран Прешов

Ракометарите на Вардар 1961 во петок во „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Татран во дуел од регионалната  од СЕХА лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Вардар 1961, Гоце Георгиевски.

“Би било фантастично да победиме со пет голови разлика, ако се случи тоа тогаш речиси ќе го освоиме првото место во групата. Правиме анализа од првиот меч, ќе видиме каде сме грешеле. Јасно е дека Татран е добра, квалитетна екипа, но не криеме, одиме на победа, се надевам дека таа победа ќе биде изразена со најмалку пет голови разлика. Според мене мораме да одиграме добра одбрана, добрата одбрана го добива натпреварот. Ако тој сегмент од нашата игра функционира како што треба тогаш верувам дека ќе ги оствариме нашите цели на мечот со Татран”, – вели Георгиевски.

(фото – Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.