Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Алкалоид во 1. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, капитенот Гоце Ојлески, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
„Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот следи дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се заедно и секоја година се се подобри. Но, ние сме исто така оваа година доста квалитетни, можеби ќе ни треба повеќе време да бидеме во најпосакуваната форма. Сепак ова е прв натпревар оваа сезона, ќе дадеме максимум и се надевам на позитивен резултат“, – изјави ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески.

(фото – ГРК Охрид)📷