Екипата на Охрид претстојниот викенд оди на мегдан со шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер.
„Гладијаторите“ најавуваат борбена игра и максимално залагање против големиот фаворит. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески.
“Во недела не очекува тежок натпревар против шампионот на Македонија. Пелистер е апсолутен фаворит, но ние се подготовуваме како и за секој друг натпревар и се надевам дека ќе се покажеме во добро светло”, – изјави Гоце Ојлески од ГРК Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷