Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Бутел Скопје во 1. коло од плеј-офот од Супер лига.
Ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против екипата на Бутел Скопје.
“На стартот на плеј-офот не очекува тежок натпревар со Бутел на гостински терен. Бутел е квалитетна екипа, игра цврсто, особено дома. Ние ќе се подготвиме најдобро што можеме и, секако, посакуваме успешно да го започнеме плеј-офот”, – изјави ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески.

(фото – ГРК Охрид)📷