Градимир Чаневски: Во Битола одиме да се надигруваме со Еурофарм Пелистер

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата.

Ракометарот на Охрид, Градимир Чаневски изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Еурофарм Пелистер.

“Играме со Пелистер кој во два наврати избори тесни победи во Охрид кои можеа да имаат и друг конечен исход, во Битола ќе биде малку потешко но одиме да се надигруваме и покрај некои проблеми што ги имаме во ростерот, и покрај се ние имаме квалитет и се надевам дека ќе одиграме добар натпревар”, – изјави ракометарот на Охрид, Градимир Чаневски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *