Тимот на Охрид е пред нов суперлигашки предизвик. Во сабота „гладијаторите“ гостуваат во Скопје кај Бутел со мотив и желба да ги освојат двата бода.
Ракометарот на Охрид, Градимир Чаневски изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Бутел Скопје.
“Во сабота не очекува незгодно гостување. Играме против една млада и добро тренирана екипа која одлично игра на домашен терен. Наше е да се подготвиме и да одиграме еден добар натпревар, имаме квалитетна екипа која двата бода ќе ги донесе во Охрид”, – изјави ракометарот на Охрид, Градимир Чаневски.
(фото – ГРК Охрид)📷