Екипата на Охрид, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за голманот Градимир Чаневски. Искусниот 36-годишен голман висок 188 сантиметри, во Охрид доаѓа од израелскиот Макаби Ришон Ле Зион и потпиша договор на две сезони.
Градмир Чаневски е повремен сениорски репрезентативец на Македонија со која има настап на Европско првенство и Медитерански игри. Настапувал и за младата репрезентација, а на клупско ниво бил член на македонските гиганти Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, пред да се пресели во Израел во Макаби Ришон Ле Зион.
“После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат”, – изјави Градимир Чаневски.
(фото – ГРК Охрид)📷