Градот Кавадарци ќе биде домаќин на Купот на Македонија

Домаќин на Ф4 турнирите во Купот на Македонија во женска и машка конкуренција ќе бидат градот Кавадарци и салата Јасмин.

Во женска конкуренција за трофејот ќе се борат Чаир, Металург, Ѓорче Петров и Куманово.

Во машка конкуренција за трофејот ќе се борат Вардар 1961, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Ќе биде одигран меморијален натпревар во чест на Марко Божиновски меѓу кадетската екипа на Бутел Скопје и кадетската репрезентација на Македонија.

Натпреварите ќе се одиграат од 13 до 15 мај во салата Јасмин во Кавадарци.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести