Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата го продолжи договорот со голманот Григор Трајковски.
Младиот талентиран Кумановец минатата сезона во јануари дојде на позајмица од редовите на Алкалоид со што ги оправда очекувањата на управата на Куманово и по одличната полусезона соработката ќе продолжи во периодот кој следи.
Трајковски со Куманово потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една година по завршување на идната сезона.

(фото – МРК Куманово)📷