Гулден се враќа дома во Шведска

Поранешната репрезентативка на Шведска, Изабел Гулден реши да го раскине договорот со екипата на Вајперс Кристијансад, и да се врати во Шведска во екипата на Луги.

Изабел Гулден со шведскиот тим Луги потпиша договор на три сезони. Таа претходно настапуваше за Вајперс Кристијансад, Савехоф, ЦСМ Букурешт, Виборг и Брест Бретањ, а настапуваше и во репрезентацијата на Шведска.

“Луги има многу млад тим, па се надевам дека ќе можам да придонесам со моето искуство и во овие три години и можеби да освојам уште едно злато од шведското првенство,”- изјави Изабел Гулден.

(фото-ЖРК Луги)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.