Тимот на Бутел Скопје во новата сезона ќе биде посилен за грузискиот репрезентативец Давид Гришикашвили. Станува збор за млад лев бек, роден 2007 година, за кој настапите во Бутел Скопје и во македонското првенство ќе бидат првите на интернационалната сцена.
Гришикашвили има одлични физички предиспозиции (199/95) и досега беше дел од составот на Пегаси Тбилиси. Тој потпиша договор на три сезони со Бутел Скопје.
Има освоени многу клупски и индивидуални награди и трофеи во Грузија. Селекторот Тите Каланадзе го повика и за сениорската репрезентација која обезбеди место на ЕП 2026, а претходно беше дел и од квалификациите за СП 2025. Во младинските репрезентации беше меѓу најдобрите стрелци во националниот тим.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷