Младинскиот ракометен репрезентативец на Македонија Давид Димевски по завршување на СП за младинци во Полска, веднаш се стави на располагање на Куманово и првата своја задача ја заврши откако го потпиша официјално новиот договор со македонскиот суперлигаш, договор кој е на една година со можност тој да биде продолжен на уште една.
Еден од носителите на играта од мината сезона на Куманово истакна задоволство од продолжената соработка со тимот од неговиот град од каде потекнува и живее.
“Задоволен сум што ја продолжив соработката со МРК Куманово затоа што навистина една од моите големи желби е да настапувам во дресот кој го претставува градот каде сум роден живеам и потекнувам. Се надевам дека оваа година ќе успееме да се пласираме помеѓу најдобрите шест екипи и ќе се бориме за место и излез во Европа”, – изјави ракометарот на Куманово, Давид Димевски.

(фото – МРК Куманово)📷