Давид Савревски: Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Слога Добој во 3. коло од Европскиот Куп.

Ракометарот на Охрид, Давид Савревски изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Слога Добој.

“Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концетрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме се од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број”, – изјави ракометарот на Охрид, Давид Савревски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *