Давид Савревски: Секој натпревар во плеј-офот значи многу

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Бутел Скопје во плеј-офот од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Давид Савревски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.

“Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје. Неодамна одигравме натпревар со нив и знаеме што не очекува. Секој натпревар во плеј-офот значи многу, подготвени сме со цврста одбрана и паметна игра во нападот да стигнеме до нови бодови”, – изјави ракометарот на Охрид, Давид Савревски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *