Давор Палевски: Алкалоид е фаворит, ние нема да се предадеме

Тинекс Пролет повторно има пред себе огромен предизвик, денеска со почеток во 18 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречека составот на Алкалоид.

Станува збор за тим кој моментно е лидер на табелата, избраниците на Кире Лазаров не знаат за пораз од стартот на Супер лигата, но тоа ќе биде само мотив повеќе за ракометарите на Александар Јовиќ да се прикажат во што подобро светло и без преголем резултатски притисок да се обидат да стигнат до изненадување.

„Пред нас е уште еден тежок натпревар по оној против екипата на Охрид. Алкалоид е екипа која атакува на шампионската титула, на хартија е фаворит против нас, но ние нема да се предадеме така лесно. Секогаш играме поквалитетно на домашен терен, тоа ќе биде случај и денеска, ќе се обидеме да приредиме изненадување“, – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Давор Палевски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *