Давор Палевски и следната сезона останува во Тинекс Пролет

Давор Палевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако потпиша нов едногодишен договор со клубот.

За услугите на квалитетното лево крило се интересираа уште неколку македонски суперлигаши, но тој ја избра понудата на Тинекс Пролет и во наредната сезона повторно ќе го носи дресот на Пролет.

Палевски дојде во редовите на Пролет пред две сезони од екипата на Работнички. Тој беше меѓу најстандардните ракометари во екипата.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести