Давор Палевски уште две години во дресот на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет успева во намерата да ги задржи клучните играчи во тимот, па по потпишаниот договор со голманот Михаљевиќ, и официјално беше продолжена соработката и со Давор Палевски, на уште две сезони.

Крилниот ракометар е повремен член на репрезентацијата на Македонија и во последните сезони е меѓу најдобрите стрелци во таборот на Тинекс Пролет, што беше доволна препорака за двете страни да се договорат за продолжување на престојот на Палевски во клубот.

„Презадоволен сум што останувам во Тинекс Пролет и што потпишав нов двегодишен договор со оваа екипа. Од првиот ден кога пристигнав бев одлично прифатен од сите во тимот, со што ми беше олеснета адаптацијата во новата средина. Сега веќе сум меѓу поискусните во екипата и моја обврска е да го им помогнам на помладите како што тоа беше направено за мене при доаѓањето во Тинекс Пролет. Имаме квалитетен тим, одлична атмосфера во екипата и не се сомневам дека со неколкуте најавени засилувања повторно ќе се бориме за излез во ракометна Европа. Тинекс Пролет е склоп на младоста и искуството, но она што го краси овој тим и што мислам дека го нема на друго место е неверојатното другарство што владее меѓу сите ракометари. Токму поради тоа воопшто не се двоумев кога ја добив понудата за нов договор и експресно го потпишав истиот“, – изјави Палевски по потписот на новиот двегодишен договор со нашиот клуб.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести