Давор Чутура е нов селектор на машката сениорска репрезентација на Летонија

Ракометната федерација на Летонија го назначи новиот селектор на машката сениорска репрезентација, Давор Чутура.

Давор Чутура кој има 42 години со федерацијата на Летонија потпиша договор на една година со можност за продолжување на истиот од двете страни.

“Ви благодарам за топлото добредојде, за довербата и дефинитивно ќе дадам се од себе и ќе дадам се што можам за репрезентацијата на Летонија. Среќен сум и возбуден што го прифаќам овој предизвик. Нашата заедничка цел е да изградиме самодоверба, да изградиме подобри луѓе, играчи и тимови во Летонија и во репрезентацијата”, – изјави Давор Чутура.

Давор Чутура е поранешен ракометар на Бенфика, Лимож, Ваљадолид, а сега е актуелен тренер на Бриксен од Италија.

(фото-Ракометна Федерација на Летонија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести