Кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша договор со клубот на три сезони.
Десното крило, кое одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, доаѓа од тимот на Тинекс Пролет, со кој настапи на завршниот турнир во Богданци за младинци.
По одлични партии таму, Георгиев беше прогласен за најдобро десно крило и влезе во идеалниот тим на турнирот.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷