Данецот Ларс Валтер ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер

Данецот Ларс Валтер е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе го предводи тимот во наредните две години.

Валтер има долгогодишно искуство и многу трофеи во тренерската кариера. Тој во Македонија доаѓа од Полска, каде го водеше тимот на Азоти Пулави, а претходно беше предводник на Фленсбург, Порто, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење, Емсдетен, Хилдехајм, Конверсано и данските екипи Роар Роскилде, Есбјерг и Вирум.

Со Висла беше шампион на Полска, со Баја Маре го освои романското првенство, двапати триумфираше во шампионатот на Швајцарија со Кадетен Шафхаузен, а има забележителни резултати и во евро-куповите, каде играше во нокаут фазата на Лигата на шампионите со Висла и Горење. Во 2011 и 2012 година е прогласен за тренер на годината во Полска.

Претходно како ракометар Валтер ги носел дресовите на Алборг и Брондеслев во Данска, Нордхорн и Емден во Германија, Маритимо и Спортинг во Португалија и Акурејри во Исланд.

“Уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола”, – изјави Ларс Валтер.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести