Екипата на Ѓер од Унгарија, на крајот од оваа сезона ќе добија нов тренер за новата сезона, и тоа од Данска.
Станува збор за досегашниот тренер на Оденсе, Улрик Киркели, кој со екипата на Ѓер потпиша договор на две години, со можност да биде продолжен на уште една година.
Киркели претходно беше селектор на женската репрезентација на Јапонија и машката репрезентација на Саудиска Арабија.

(фото – ЖРК Ѓер)📷