Даниела Новеска објави список кај кадетките

Селекторот на женската кадетска репрезентација, Даниела Новеска го објавува списокот на ракометарки на собир за подготовки на собир за подготовки и настап на Европски младински фестивал и Европското првенство за кадетки.

На списокот повикани се 22 ракометарки. На претстојниот Европски Олимписки Младински Фестивал Скопје 2025 кое се одржува во период од 21.07.2025 година до 26.07.2025 година, нашата кадетска женска селекција е дел од групата Б заедно со селекциите Швајцарија, Норвешка и Исланд, а своите натпревари ќе ги играат во СЦ “Јане Сандански”.

На Европското првенство 2025 година кадетска женска селекција на Македонија е дел од групата Б заедно со селекциите на Германија , Португалија и Словачка. Европското првенство ќе се одржи во Црна Гора во Подгорица во период од 30.07.2025 година до 10.08.2025 година.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/spisok-od-22-kadetki-u17-za-pripremi-daniela-v.-noveska.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *