Даниел Андоновски и Охрид спогодбено раскинаа

На барање на левиот бек Даниел Андоновски, ГРК Охрид му овозможи спогодбено раскинување на договорот со кој што беше ангажиран од страна на клубот.

Андоновски претходно настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор и Прилеп, каде се врати во Охрид.

“Му се заблагодаруваме за досегашниот ангажман и му посакуваме долга и успешна понатамошна кариера”, – изјавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.