Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за следната сезона во Првата лига се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Даниел Андоновски, кој настапува на позицијата среден бек.
Ракометарот Даниел Андоновски доаѓа од екипата на Тиквеш од Кавадарци, а има настапувано и за екипите на Прилеп, Вардар Јуниор и Охрид.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷