Даниел Дупјачанец направи трансфер во францускиот шампионат

Македонскиот голман Даниел Дупјачанец во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.

Тој ќе го напушти тимот на Вилербан и од јануари се сели во третолигашката екипа Курнон Доверњ. Дупјачанец во францускиот тим треба да остане најмалку до крајот на јуни 2023 година.

Тренер на овој клуб е поранешниот македонски репрезентативец Марјан Колев. Македонскиот голман освен за Вилербан, настапуваше и за екипата на Металург.

(фото – Рк Курнон Доверњ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести