Даниел Дупјачанец потпиша за францускиот тим Вилербан!

Ракометарот и капитенот на Металург РА, Даниел Дупјачанец го напушта тимот и ракометната кариера ја продолжува во Франција.

Тој потпиша договор со второлигашот Вилербан, договорот е потпишан на две сезони.

Даниел Дупјачанец освен за Металург, настапуваше и за Кадетен Шафхаузен, Азоти Пулави, Тутунски Комбинат.

(фото-Рк Вилербан)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.