Данило Брестовац е нов тренер на Тиквеш

Екипата на Тиквеш за следната сезона назначи тренер, а тоа е поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац.

Данило Брестовац со тренерската кариера почна во Луксембург во тимот на Ред Бојс Диферданж, потоа беше селектор на младата репрезентација, па тренер на Металург, од РФМ доби шанса и како селектор на сениорскиот тим на Македонија, а последно беше тренер во Саудиска Арабија во тимот на Мудар.

(фото-Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.